Хартиените свидетелства ќе заминат во историјата. Постепено, од идната година ќе добиваат електронска верзија во рамките на е-дневникот. Дел од родителите скептични, се жалат дека е-дневникот не функционира. Образовни експерти предупредуваат – внимателно да се воведувада, да не се експериментира.
Учениците од прво до трето одделение, во јуни идната година ќе добијат само дигитални свидетелства. Останатите ученици до деветто одделение ќе ги добијат во хартиена верзија, која во период од три години се планира целосно да се укине.
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска за Радио Слободна Европа вели дека оваа дигитализација се планира и во средното образование, но ќе треба време за да се спроведе за „да не се случи пропуст или грешка“.
Очекувањата се наставниците да бидат порастоварени од административните обврски, особено оние кои имаат обврска за описни оценки.
„Ќе биде скратено времето на генерирање на самите сведителства. Потоа, така штедиме на хартија и ќе ја сочувуваме околината. Сакаме да ги научиме децата дека е многу значајно да имаат еколошка свест и да водат грижа за околината. Но како и да е, најбитно е што брзо се добиваат, а трајно остануваат зачувани во електронска форма“, додаде Јаневска за РСЕ.
slobodnaevropa.mk





