ЗАПОЧНА РАСЧИСТУВАЊЕТО НА ДИВАТА ДЕПОНИЈА КАЈ „ЈОРДАН МИЈАЛКОВ“

По налог на градоначалникот Кирил Пецаков, денеска започна акцијата  за расчистување на дивата депонија на улицата „Јордан Мијалков“ во Охрид.

Екипи на фирмата „Победа“ од Ботун се ангажирани на подигнување на градежниот шут и друг вид отпад  што граѓаните нелегално го депонираат на оваа јавна површина.

Градоначалникот Пецаков  при  денешната теренска  посета упати апел до своите сограѓани да не го фрлаат отпадот на несоодветни места и да не создаваат диви депонии  со цел да имаме убав и чист Охрид.

Отпадот и градежниот шут ќе се депонираат на соодветни локации.

 ПРЕД активностите за чистење

ВО ТЕК  на активностите за чистење