ПРЕЗАКАЖАНА ТРЕТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

Бидејќи  на 22.11.2021 година (понеделник) се одбележува празникот „Ден на албанската азбука“, а поради тоа неможноста за присуство на седница на дел од  членовите на Советот, а со цел  да се овозможи присуство на сите советници, СЕ ПРЕЗАКАЖУВА 3-тата седница на Советот на Општина Охрид закажана за тој ден.

3-тата седница се презакажува за ден 24.11.2021 година (среда) со почеток во 8:30 часот.

Седницата ќе се одржи  во зградата на Општина Охрид-голема сала.