Почитувани,
Градоначалникот Кирил Пецаков по се изгледа сака да го врати Охрид во минатото кога 11 год. владееше неговата партија ВМРО ДПМНЕ, а во градов дивееше тотален урбанистички хаос. Нема ниту еден месец од неговпто назначување, а тој веќе најавува поништување на сите заложби на минатата Локална самоуправа и градоначалникот Константин Георгиески и нивната посветеноста за исполнувањето на препораките и почитувањето на законите поради кои Охрид го зачува статусот на заштитен град под УНЕСКО. Пецаков заедно со криминалното ВМРО ДПМНЕ има намера повторно да го издава најатрактивниот и најзаштитениот дел од крајбрежјето на нашето Охридско Езеро. Навистина зачудува фактот што Пецаков како поранешен советник и пратеник покажува тотално непознавање на законите и го нема прочитано Планот за управување со светското природно и културно наследство и не му се важни препораките од УНЕСКО. Да им појасноме дека во активностите за отстранување на објектите на плажите се опфатени физички или правни лица кои имаа добиено Решение за отстранување на бесправно изграден објект/градба и истите не постапиле во согласност со издадените решенија од страна на градежните инспектори при Инспекторатот на Општина Охрид. Решение не може да се издаде ако нема фактичка состојба, дивоградба со записник. Во отстранувањето на дивоградбите на плажите постапувано е строго по законски процедури и апсолутно нема никаква селективност. А, што се однесува до останатите дивоградби во градов преставниците на ВМРО ДПМНЕ немаат никаков кредибилитет да критикуваат бидејќи нивните советници немаа храброст на седница на совет да го подржат носењето на Динамичкиот план за отстранување на дивоградбите. Пецаков може да ветува брда и долини и разбирливо дека ќе мора да го испорача тоа што им го вети на некогашните бесправни концесионери на плажите, но сето тоа што планира да го прави се коси со законот и со препораките на УНЕСКО Се до носење на План за уредување на крајбрежјето не постои никаква законска можност за било какви постапки. Плажите треба да бидат слободни, тие им припаѓаат на граѓаните на Охрид, а не на поединци кои години наназад беа толерирани и работеа без концесии. УНЕСКО еднаш дава шанса, ако се продолжи и понатаму со вакво неразумно однесување ќе сме град без статусот на кој се гордееме. Охрид не го заслужува тоа!
Со почит,
ОО СДСМ Охрид