Или примена на законот за минимална плата или штрајк. Од Конфедерацијата на слободни синдикати испратија писмо до пратениците со кое бараат да престане хаосот со платите во земјава. Нивниот став е минималната плата да се зголеми и да изнесува 18.000 денари, но дека пратениците се должни да не дозволат урамниловка или изедначување на платите без оглед на степенот на сложеност на работо.
Со буџетот за идната година планирано е згоелмување на платите од 5 до 15% за определени дејности, а според Ралповски тоа дополнително ќе го зголеми хаосот. Ако средствата не бидат соодветно распоредени, најавува радикални мерки.
И ССМ најавува можност за генерален штрајк. На последниот состанок на претседателството на Владата и беше даден рок од 30 дена за исполнување на нинвите барања, едно од нив е минимална плата од 18.000 денари.