СЕ ОДРЖА ЧЕТВРТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

Со мнозинство гласови ЗА,  советниците во Советот на Општина Охрид на денес одржаната четврта Седница ги изгласаа 53 точки кои беа на дневен ред.

Дел од изгласаните точки се однесуваа на  Нацарт развојни или  годишни  програми од различни сфери.   Нацрт-програма за поттикнување на развојот на туризмот на Општина Охрид за 2022 година. Нацрт-програма за поддршка на локалниот економски развој на Општина Охрид за 2022 година.Нацрт-Развојна програма за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Охрид за 2022 – 2024 година. Нацрт-програма за финансиските потреби на територијалната противпожарна единица Охрид за 2022 година. Нацрт-програма за заштита на животната средина и природата за 2022 година.Нацрт-програма за спорт и рекреација за 2022 година.Нацрт-програма за млади и невладини организации за 2022 година.Нацрт-Годишна програма за активностите на Општина Охрид во областа на основното образованието за 2022 година. Нацрт- Развојна Програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на основното образование 2022-2024 година. Нацрт-Развојна програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на средното образование 2022-2024 година. Нацрт –Годишна програма за активностите на општина Охрид во областа на средното образование за 2022 година. Нацрт-Годишна програма на општина Охрид за детска заштита за 2022 година. Нацрт- Развојна програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на детската заштита 2022-2024 година. Нацрт-програма за социјална заштита за 2022 година. Нацрт-програма за активностите на општина Охрид во областа на културата за 2022 година. Нацрт-програма за работа на Советот на Општина Охрид за 2022 година. Нацрт-програма за унапредување на родовата рамноправност на локално ниво за 2022 година.Нацрт-програма за енергетска ефикасност за 2022 година. Нацрт-програма за одржување јавна чистота за 2022 година. Нацрт-програма за подигање и одржување на паркови и зеленило за 2022 година. Нацрт-програма за јавно осветлување за 2022 година. Нацрт-програма за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим на сообраќај за 2022 година. Нацрт-развојна програма за други комунални услуги за 2022-2024 година. Нацрт-развојна програма за изградба на системи за водоснабдување за периодот од 2022 – 2024 година. Нацрт-програма за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2022 година.Нацрт-развојна програма за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води за 2022 – 2024 година.Нацрт-програма за изградба на сообраќајна сигнализација за 2022 година. Нацрт-развојна програма за уредување градежно земјиште за 2022 -2024 година.

Советниците дадоа зелено светло и на  Предлог одлуките  за утврдување фискална стратегија и развојни програми на Општина Охрид за 2022 година, Предлог-Одлука за усвојување на Нацрт буџетот на Општина Охрид за 2022 година како и Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за општински линиски превоз на патници во Општина Охрид.

На денешниот Совет беа изгласани и Предлог-Одлуките  за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација, со цел вклопување на бесправно изградените објекти во неколку катастарски парцели во охридските села: Куратица,  Вапила, Лескоец, Ливоишта,  Речица, Оровник, Велгошти, Лескоец, Опеница, Лакочереј како и во КО  4.  На  Седницата беше изгласана и Предлог-Одлуката  за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација, за усогласување на намената на земјиштето на КП.бр. 3710 и КП.бр.3709/1 КО Охрид 4.

Претходно на  Седницата беа усвоени  запосниците  од втората и третата  седница.