ДАЛИМИР ХАЈКО, ДОБИТНИК НА СВЕТСКАТА НАГРАДА ЗА ХУМАНИЗАМ ЗА 2022 ГОДИНА

Охрид, 12 декември 2021 – Далимир Хајко, светски познат филозоф, есеист и литертурен критичар и професор на Универзитетот од Жилина, Словачка, добитникот на Светската награда за хуманизам за 2022 година.

Далимир Хајко

Со ова исклучително признание, Охридската академија на хуманизмот го слави името на Св. Климент Охридски на сите светски меридијани, додека професорот Хајко е шеснаесетти добитник по ред.

Охрид, градот на УНЕСКО, веќе ги овенча нобеловците Александр Солжењицин, Херта Милер, светските легенди Даисаку Икеда, Рави Шанкар, Питер Брук, Маноел Де Оливеира, Романо Проди, будејќи ги изворите на духовната меморија од првата средновековна школа на хуманизмот, основана од учениците на Св. Кирил и Методиј, заштитниците на Европа.

Професорот Далимир Хајко, во писмото до претседателот на Интернационалното жири, амбасадорот Јордан Плевнеш, мегу другото, нагласува: „Би сакал да ви се заблагодарам што ми ја испративте одлуката на Меѓународното жири на Охридската академија на Хуманизам. Чест и задоволство ми е да ја прифатам номинацијата за оваа престижна награда и да се приклучам кон истакнатите добитници од минатот. Мојата најдлабока благодарност оди до Охридската академија за хуманизам, на меѓународното жири и неговите членови и на претседателот, што ме номинираа. Ќе ми биде голема чест и задоволство да ја добијам наградата лично во прекрасниот град Охрид. “

Свечената церемонија на доделувањето на наградата ќе се одржи на 18 јануари, наспроти големиот празник Богојавление – Водици, во куќата на Уранија (МАНУ).

Пригодни беседи за Хајко ќе одржат Јордан Плевнеш и градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, кој што едновремено и ќе му ја врачи наградата на добитникот Хајко, во присуство на поголема меѓународна асемблеја на гости, меѓу кои и претставници и градоначалници од збратимените градови на Охрид од Европа и градовите по покровителство на УНЕСКО.

Потоа, лауератот Хајко, со своја беседа, ќе се обрати на присутните.

Следниот ден, 19 јануари 2022 година, ќе се одржи Меѓународна онлајн конференција: „Охридската школа на хуманизмот од Средниот век до денес во Европа и светот“, на која, меѓу другите,  ќе учествуваат и претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев, Жан-Патрик Конрад, претседател на Европската академија на науките и книжевностите во Лондон, Ралица Русева, историчар на уметноста, од Софија,  Бугарија, Рикардо Бризи,  социолог на Универзитетот во Болоња, Италија, потоа професор Фабрис Далмеида,  професор Пантеон Асас, од Сорбона  Универзитетот во Париз, Франција и други.