Советот на Општина Охрид на Седница одржана на 06.12 2021 година ги донесе Нацрт програмите и Нацрт буџетот за 2022 година. Се отвора јавна расправа по однос на донесените нацрт документи. Се повикуваат сите буџетски корисници, сите невладини организации и здруженија на граѓани како и сите заинтересирани физички и правни лица своите предлози и забелешки по нацрт документите да ги доставуваат до стручните служби на Општина Охрид.
Јавниот увид трае 15 дена почнувајќи од 07.12 2021 година.
НАЦРТ БУЏЕТ И ПРОГРАМИ 2022