ВОСКА ДОБИ ПОВЕЌЕНАМЕНСКО ИГРАЛИШТЕ НА ПЕСОК

Заврши изградба на повеќенаменското игралиште на песок  во непосредна близина  на теренот за фудбал во населба Воска.

Игралиштето  е со  стандардни димензии 18 на 9 метри а  песок е поставен  и  на околниот дел  на  површина од 1,5 метар. 
Просторот е и хортикултурно уреден а  има и патека покриена со бехатон плочки во должина од 45 м и ширина од 1,5 м.       
Игралиштето на песок  е ветување дадено од  градоначалникот Никола Бакрачески при неодамнешната  средба со жителите на Урбана Заедница Воска.
Изведувачи на градежните активности беа јавните претпријатија, „Градски пазар“ и „Охридски комуналец“.