„СТОП НА ДОМАШНОТО НАСИЛСТВО. БИДИ ХРАБРА“

Во организација  на сопругата на бугарскиот амбасадор во земјава, Билјана Ангелова, а со поддршка на Општина Охрид во недела (12.12. 2021) со почеток во 12 часот на плоштадот „Св. Климент Охридски“ ќе се одржи настан кој е дел од кампањата „СТОП на домашното насилство. Биди храбра!“

Охриѓанки кои ќе бидат дел од случувањето  преку порака која ќе ја напишат на својата дланка ќе дадат тивка поддршка на жртвите од семејното насилство.

На настанот ќе присуствуваат претставнички од Здружението на ретки болести „Ретко е да си редок“, Здружение на жени „Бисера“, Здружение „Опција Охрид“, Црвен Крст- Охрид, претставнички од Советот на Општина Охрид и   од  политичките партии.

Најстари организации кои згрижуваат жени и деца, жртви на семејно насилство се: Организацијата на Жени  на град  Скопје, Кризниот центар „Надеж“ и организацијата за самохрани родители „Оne Can. Една може“.

Настанот ќе биде организиран и во неколку други општини во државава.