Градоначалникот Кирил Пецаков, денес, беше во посета на ЈУ „Национален парк Галичица“. На средбата, вработените го информираа за начинот на функционирање на институцијата, како и за тековните активности.
Дискутирани беа можностите за подготвување на заеднички апликации во ЕУ фондовите и соработка во насока на зачувување на статусот на УНЕСКО и заштитата на Националниот парк.
Градоначалникот изрази подготвеност за целосно вклучување во сите процеси кои се однесуваат на градот.