На 25/26.12.2021 година, во периодот од 23:00 до 02:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид и претставници од Управата за јавни приходи, на подрачјето на Охрид, извршија контрола во 17 угостителски објекти.
– При тоа, затекнале четири малолетни лица кои биле во угостителски локал по 24 часот, едно лице со лажен сертификат за извршена вакцинација и три лица без сертификати за извршена вакцинација.
Претставниците од УЈП, кај повеќе угостителски објекти, констатирале низа неправилности во готовински промет. По овие основи, против физичките и правните лица, ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од СВР Охрид. (Крај)