Регионалниот центар за гранични работи Запад, во годината која изминува, соочувајќи се со предизвикот што го носи пандемијата на COVID 19, како резултат на добрата поставеност, преземените мерки и активности бележи значајни резултати.
При контрола на патниците, согласно препораките на Владата, беа издадени вкупно 1.572 изјави и наредби на лица за самоизолација, а откриени се 24 сторители кои приложиле 20 фалсификувани PCR тестови и 4 фалсификувани сертификати за извршена вакцинација.
При извршување на задачите, посебно внимание посвети на откривање и спречување на прекуграничниот криминал и илегалната миграција. Откриени и запленети се 273 килограми марихуана, како и поголема количина акцизна стока и друга разновидна стока која била предмет на нелегална трговија.
Во делот на миграцијата, при илегално преминување откриени и спречени се 128 лица, најголемиот број албански државјани, додека 26 лица се мигранти од Индија, Сирија, Пакистан, Мароко.
За сите констатираните нелегални активности РЦ за ГР Запад превзема соодветни законски мерки.