БАДНИКОВИТЕ ПОВОРКИ СО ЦРВЕН ТЕПИХ НА ХУМАНОСТА

Втора година по ред, Бадниковите поворки на радост, коишто вообичаено вклучуваат директно учество на стотици деца, ќе бидат заменети со големи хуманитарни акции, бидејќи пандемиските услови налагаат воздржување од групирање. Божикната радост, љубов, топлина и добрина во целиот претпразничен период и за време на Бадник и Божик, ќе се шири во вид на грижа за нашите сограѓани коишто се погодени од кризата и имаат егзистенцијални проблеми.

На 04.01.2022 година (вторник), во периодот од 10.00 до 16.00 часот на Градски плоштад„ Св.Климент Охридски “ ќе биде реализирана хуманитарната акција под наслов: „Црвен тепих на хуманоста“ кој е поставен крај Божикната пештера. Со црвениот тепих, симболично ќе ја истакнеме потребата за помош на ближните.

Ѕвезди на црвениот тепих, ќе бидат сите хумани граѓани, фирми, организации, здруженија. Ќе се собира исклучиво нерасиплива храна.