ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ НА ОСВЕТУВАЊЕ НА КОНАЦИТЕ ВО ЦРКВАТА СВ. СПАС

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, денеска  присуствуваше на осветувањето на црковните конаци што по повод големиот христијански празник Сапсовден се одржа во црквата Св. Спас во селото Горно Лакочереј.

Заедно со бројните верници , мештани , охриѓани и гости од земјава и соседството градоначалникот, Бакрачески  ги проследи сите верски обреди и обичаи.

Со чинот на осветувањето чиноначалствуваше митрополитот Дебарско- кичевски  г. Тимотеј  со свештенослужители од охридско.

Изградбата на  конаците  го направија селото Горно Лакочереј  привлечна локација за посета и престој.