ОДРЖАНА ЈАВНА ДЕБАТА ЗА ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПРОЕКТИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА ТРИ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА

Денес, во просториите на општина Охрид со почеток во 10 часот се одржа јавна дебата на која беа поканети и присуствуваа заинтересирани жители, претставници на медиуми, родители на ученици, како и вработени во училиштата  кои гравитираат на просторот на кој се лоцирани трите основни училишта кои се опфатени во рамки на проектот (ПСЕЕП) – Светска банка, кој вклучува финансирање на изработка на проектно техничка документација и финасирање на инвестициски проекти за енергетска ефикасност за следните под-проекти,  Реконструкција на ООУ Христо Узунов со ЕЕ мерки,  Реконструкција на  ООУ Братство Единство-Лескајца со ЕЕ мерки, Реконструкција на ООУ Св. Климент Охридски со ЕЕ мерки.

Општинина Охрид ќе добие 80% од одобрените средства како долгорочно позајмување со потпишување на договор за под-заем со Министерството за финансии. Останатите 20% се доделуваат како грант средства на општините со потпишување на договор за грант со Министерството за финансии.

За време на јавната дебата беа детално презентирани поднесените проектни фишеа за секој од објектите при што од страна на присутните беа истакнати предлози за надополнување на предвидените градежни мерки за дел од објектите.

Воедно, во текот на јавна дебата се формира Одбор на корисници кој  се состои од по четири членови за секое училиште со почитување на родовата еднаквост на Одборот за секој од под-проектите. Одборот на корисници е составен од вработени во училиштето, родители на ученици и граѓани кои ќе биде вклучени во текот на планирањето и реализацијата на под-проектите.