Отворен повик за самокандидирање за Претседатели на Општинските организации на СДСМ и Претседател на Градската организација на СДСМ-Скопје
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги повикува сите заинтересирани членови на Општинските организации на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија да поднесат кандидатура за Претседател на Општинската организација на СДСМ и Претседател на Градската организација на СДСМ-Скопје, а притоа да ги исполнуваат критериумите од Правилникот за кандидирање и избор на Претседател на Општинската организација на СДСМ и Претседател на Градската организација на СДСМ-Скопје:
- Да уживаат висок авторитет, углед и доверба во нивната средина
- Да бидат доследни во остварувањето на политичките и програмските определби на СДСМ
- Да имаат јасна визија за идниот развој и делување на СДСМ на локално ниво, да поседуваат силни политички и организациски способности, да бидат подготвени за воведување современи методи и технологии за работа, да поседуваат вештини за јавен настап
- Да се однесуваат со почит и толеранција кон партиските колеги
- Да потпишат изјава за прифаќање на Кодексот за однесување на членовите и функционерите на СДСМ и истиот целосно да го почитуваат
- Да бидат членови на СДСМ во моментот на поднесување на кандидатурата
Заинтересираните кандидати своите програми за работа треба да ги достават во период од 24 Јануари до 31 Јануари 2022 година до Претседателот на СДСМ, во седиштето на Партијата на ул.“Павел Шатев“ бр.8 Скопје.