1.Самостоен референт – комунален редар, Одделение за инспекциски надзор – Инспекторат(1) извршител(и)
2. Советник – Овластен инспектор за патишта, Одделение за инспекциски надзор – Инспекторат(1) извршител(и)
3. Помлад соработник за донесување урбанистички планови, Одделение за просторно планирање, урбанистичко планирање, управување со градежно земјиште и недвижен имот на општината, Сектор за урбанизам и управување со градежно земјиште(1) извршител(и)
4. Советник – овластен инспектор за домување, Одделение за инспекциски надзор – Инспекторат(1) извршител(и)
5. Виш соработник за подготвување на документација за заштита и спасување, управување со кризи и одбрана, Одделение за административно техничка поддршка, Сектор за општи работи(1) извршител(и)
6. Соработник за прибирање податоци и информации за проекти од меѓународната соработка, Одделение за меѓународна соработка и соработка со збратимени градови, Сектор за меѓународна соработка, соработка со УНЕСКО и култура(1) извршител(и)
Пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја следна фаза од постапката за селекција на административен службеник, на интернет страницата на Агeнцијата за администрација.
Фаза 1 – административна селекција се спроведува во рок од 15 дена од завршувањето на објавениот оглас.
Фаза 2 – испит за административен службеник се спроведува во рок кој не може да биде пократок од 10, а подолг од 30 дена од завршувањето на фаза 1 и истата се снима и емитува во живо на интернет страницата на Агенција за администрација.
Фаза 3 – проверка на веродостојност на докази и интервју се спроведува во рок од 10 дена од завршување на фаза 2.