Општината која е на трето место во земјава по број на вработени во локалната самоуправа во годишниот план за вработувања предвидува нови 10 вработувања за 2022 година.
Во годишниот план за враборување за 2022-ва година, стои дека институцијата во моментов брои 266 вработени, а со новите 10 ,општината ќе има рекордни 276 вработени лица.
Општина Охрид за време на градоначалничкиот мандат на Никола Наумов броела 94 вработени.
Послендиве 17 години бројот на вработени достигнувал и над 300 вклучувајки ги лицата ангажирани и на договор .
Новите вработувања на Општината ке ја чинат над 4 милиони денари годишно.