Дрвата го сменаја мислењето на Демир Далип – денес со пофалба до директорот

Демир Далип пред само два дена како член и заменик претседател на управниот одбор бараше јавно Остсвка од директорот на Јп Охридски Комуналец (прилог фото) . Очигледно дрвата го сменале мислењето на Демир Далип и денес на фб го пофали директорот.

фб статус:

ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА, БЛАГОДАРНОСТ ДО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ Д Р КИРИЛ ПЕЦАКОВ И ДИРЕКТОРОТ НА ЈП,,ОХРИДСКИ КОМУНАЛЕЦ,,ОХРИД САШО НАЈДЕСКИ
ДРАГИ СОГРАГАНИ,
Денес, благодарение на координираната акција, подржана од страна на Градоначалникот Д-р Кирил Пецаков, до кого г динот Бесим Селманоски, достави Молба за помош со огревно дрво, како и подршката од страна на Директорот на ЈП,,Охридски Комуналец,,-Охрид, му е излезено во пресрет на г динот Бесим Селманоски, кој е фактор на социјален ризик, и има потреба од помош, заедно со неговата сопруга, која исто така е во исклучително тешка здравствена состојба. Во текот на утрешниот ден, ке ги замолиме и Црвен Крст-Охрид, да во рамките на своите можности,м му излезе во пресрет на ова семејство, особено сега во зима.
ГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ ДО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ Д -Р КИРИЛ ПЕЦАКОВ КАКО И ДИРЕКТОРОТ НА ЈП,,ОХРИДСКИ КОМУНАЛЕЦ,,-ОХРИД, САШО НАЈДЕСКИ, КОЈ ВЧЕРА МЕ ПОЧАСТИ СО СОК, БИДЕЈКИ ЈАС ВИСКИ И АЛКОХОЛ НЕ ПИЈАМ.
ТУКА СМЕ ДА СЕ ПОМОГНЕМЕ-СОЛИДАРНОСТ, ХУМАНОСТ, ЧОВЕЧНОСТ, БОГОБОЈАЗНОСТ…!!!

После оваа наша објава очекуваме ” ОТВОРЕНО ПИСМО ” од Демир Далип кое ке го објавиме.

Бидете во тек и читајтеги најновите случувања.