СООПШТЕНИЕ ЗА ГРАДЕЖНИ РАБОТИ НА УЛ. „МАКЕДОНСКИ ПРОСВЕТИТЕЛИ“

Поради изведување на градежни работи на ул. „ Македонски Просветители “   (втора фаза)  на потегот од крстосницата  на оваа улица со улицата „ Димитар Влахов“ до крстосницата со улица  „Партизанска„ (позади ТЦ Амам) од ден 31.01.2022 година (Понеделник) на горенаведениот потег се забранува запирање и паркирање на моторни возила . Во период додека трае втората фаза од реконструкцијата на улицата „Македонски Просветители“ – такси станицата лоцирана во џебот пред Пошта Охрид времено се дислоцира на почетокот од улицата Партизанска од десната страна гледано во насока на движење .

Делот од коловозот на овој потег каде се одвива еднонасочен сообраќај ќе функционира и понатака со забрана за запирање и паркирање.

Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон ново воспоставениот времен режим на сообраќај и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.