ЗАВРШИ СЕДМАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

Денес советниците ја одржаа седмата седница, на која доминираа точки од урбанистичката сфера, односно одлуки за вклопување на бесправно изградените објекти, изградени на пошироката територија на Општина Охрид. На седницата се изгласаа и одлуки кои се однесуваат на финансиско – фискалната политка на општинската администрација и јавните установи.

На денешната седница, беа разрешени старите и именувани нови членови во повеќе училишни одбори, а донесен е и годишниот план за вработување во општинската администраицја за 2022 година.

На денешната седница, Димитар Велјаноски поднесе оставка на функцијата член на советот.