ПРОМОВИРАНА КНИГАТА „ОХРИДСКИ РАСКАЖУВАЧИ“

Во рамки на традиционалната културна манифестација „Прличеви Беседи“ денес напладне во големата сала на Општина Охрид се одржа промоција на книгата  „Охридски раскажувачи“ од проф. д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски. На настанот присуствуваше и градоначалникот  Кирил Пецаков кој во своето обраќање истакна

– Возвишено е чувството да се присуствува на чествувањата  посветени на еден од најмаркантните македонски книжевници на сите времиња големиот  Григор Прличев или вториот Хомер како што  го нарекува светската стручна фела. Тој е отворена тема и, секогаш длабоко инспиративен  и благороден за творечка креација  и јас верувам дека нема  книжевник   кој не посакал  да ја  одгатне суштината  и  да ја покаже  вредноста на  безвременската поема „Сердарот “ и   останатите дела од  неговиот богат   книжевен  опус. А времето покажало дека во редот на  книжевните творци  кои секоја година  го дополнуваат мозаикот за  големиот Прличев се ценетите професори Димитар Пандев и Славе Ѓорго Димоски. Искрено им се заблагодарувам  што на околу 300 страни  го  креираа  својот најнов труд „Охридски раскажувачи“ чиј издавач е Oпштина Охрид, а кој денес го промовираме.  Во него е  прикажана раскажувачката страст на многу охридски великани, меѓу кои, Кузман Шапкарев, Живко Чинго, Ефтим Спространов, Видое Видически и  многу други  кои  на нашиот македонски јазик ја  оспособија мислата да се развива слободно, онака како што сакаше   големиот  Прличев. По својата содржина, книгата  „Охридски раскажувачи“ е  алка   помеѓу сегашноста и минатото, еден светол пример  дека многу охридски раскажувачи  тргнале по стапките на   Прличев кој во секоја прилика и секаде говорел на мајчиниот охридски дијалект кој совршено го познавал и владеел. Зошто за него многу  побитно било да го зборува охридскиот дијалект кој видно се разликувал од бугарскиот јазик.    Преку промоции на вакви книги  значително придонесуваме  за зачувување и промовирање на ликот и делото на Григор Прличев. Ваквите настани се израз на длабока почит  кон животот и делото на Прличев  и даваат јасна порака  до идните генерации за негување на традицијата и своите корени.  Со организирање и поддршка на ваквите настани Локалната самоуправа покажува дека е определена и во иднина да продолжи да ги негува културните традиции и да дава придонес во зачувување на културните вредности на Охрид – рече градоначалникот Пецаков.

Промотор на книгата беше м-р Перчо Божиновски.

Ohridski_raskazuvaci_04022022001
Ohridski_raskazuvaci_04022022004
Ohridski_raskazuvaci_04022022007
Ohridski_raskazuvaci_04022022002
Ohridski_raskazuvaci_04022022010
Ohridski_raskazuvaci_04022022003
Ohridski_raskazuvaci_04022022006
Ohridski_raskazuvaci_04022022011
Ohridski_raskazuvaci_04022022005
Ohridski_raskazuvaci_04022022013