Покрај тековните работни активности кои екипите на ЈП “Градски Гробишта” Охрид ги извршуваат во кругот на градските гробишта за средување и уредување на гробиштата, вчера и денес се работи и на поставување жардињери за цвеќе на патеката во с. Пештани. Активноста се планира да заврши во текот на денешниот ден. Во рибарската населба Пештани во тек се активностите од втората фаза која се однесува на изградбата на пешачката патека по должината на езерскиот кеј од Рибниот ресторан кон Охрид. Во моментов завршени се 80 % од градежните активности .
Во изминатиов период, просторот на патеката беше комплетно тампониран, а на површина од 450 метри квадратни поставени се бехатон елементи. По целата површина на патеката поставени се инсталации за ново улично осветлување како и инсталации за наводнување. Во моментов се уредуваат жардинјери и просторот се подготвува за хортикултурно разубавување.
Втората фаза од уредувањето на кејот во Пештани се очекува да биде заокружена наредната недела, а активностите ги реализираа охридските јавни претпријатија. Минатата година беше завршена првата фаза од проектот која се однесуваше на уредување на кејот од рибниот ресторан до поранешната полициска станица.