Во Охрид изминативе 24 часа 15 л/м2 наврнат воден талог

Изминативе 24 часа во Охрид наврнат е воден талог 15л/м2 , температурата на Охридско езеро изнесува 7 степени .

Времето денес:
Променливо облачно и постудено. Претежно во планинските подрачја ќе провејува слаб снег. Ќе дува силен ветер од северен правец, особено изразен вдолж Повардарието и во источните делови.

Температурата Охрид од -3 до 4 степени.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ ЗА ИЗМИНАТИТЕ 24 ЧАСА до 7 часот (во л/м2)
25 Маврово, 21 Дебар, 17 Битола, 15 Охрид, 14 Пожаране, 13 Виница, 8 Претор, Крушево, 7 Берово, 6 Кр.Паланка, Струмица, Д.Капија, Дојран, 5 Прилеп, Тетово, 4 Штип, 3 Скопје-Петровец, Куманово, 2 Скопје-З.Рид, Гевгелија.