КОАЛИЦИЈА „СЕГА“ Е ОРГАНИЗАЦИЈАТА КОЈА ЌЕ РАКОВОДИ СО МЛАДИНСКИОТ ЦЕНТАР ОХРИД

По завршување на распишаниот оглас за избор на младинска која ќе раководи со Младинскиот центар Охрид, градоначалникот Кирил Пецаков, донесе решение со кое Коалицијата „СЕГА“ се избира за организација која ќе раководи со Младинскиот центар Охрид.

Со избраната младинска организација ќе биде склучен договор во кој детално ќе бидат наведени нејзините обврски како и обврските на Општина Охрид. Дополнително со договорот ќе биде предвидена и годишната програма за работа на Младинскиот центар за 2022  година.

МЛАДИНСКИ ЦЕНТАР ОХРИД