Продолжува трендот на партиски вработувања во ЈП Охридски Комуналец.
Дали Комуналец ќе го надмине бројот на вработени на Локалната Самоуправа во Општина Охрид !?
Голем број на граѓани обвинуваат дека власта во градот масовно врши партизација на администрацијата преку вдомување на партиски активисти во општинските претпријатија кои не се квалификувани за овие работни позиции на кои се вработуваат, туку се лица кои се само “верно“ гласачко тело, но не и за она за кое што се вработени а тоа е да бидат во служба и интерес на граѓаните.
Со ова темпо на вработување во Администрацијата на Охридски Комуналец наскоро ке го надмине бројот на административци во Локалната самоуправа на Општина Охрид .
За само 2 месеци од новата власт во Охридски комуналец вработени се :
2 – административни службеници со решение
1 – преземање административен службеник
19 лица вработени на договор .
На Нашето барање за информација од јавен карактер беше побарано информација за вработени лица до 20 ти Јануари 2022 год.
Дознаваме дека во период од 21 јануари до 16ти Февруари вработено е уште 1 лице во – одделот за финансии .
Со ова Охридски Комуналец заокружува бројка од 25 ново вработени во период од 90 дена работење на новото раководство.
Во меѓувреме во најава се вработувања “АРХИВАРИ” кои деновиве би требало да потпишат договор , колку лица ке се ангажирани за архивари иако има архивари во Охридски Комуналец останува да видиме.
Во прилог одговорот од ЈП Охридски Комуналец: