Буково ги труеше туристите и жителите на Охрид додека беше на власт СДСМ – Сега веќе НЕ !?
Пред 5 дена заврши договорот за Буково каде со градежна машина се туркаше и набиваше комуналниот отпад во оваа Депонија .
Фото од договорот:
Локалната Власт предводена од Вмро Дпмне и ЈП Охридски Комуналец “заборавиле” да објават јавен оглас за расчистување на Депонијата во Буково и со овој потег се прашуваме дали свесно ги трујат Охриѓани и Туристите !?
Пред само 7 месеци на 5 Јули 2021 година Вмро Дпмне Охрид имаше прес за Депонијата Буково каде ја обвинуваа тогашната власт дека се трујат Охриѓани и Туристите и дека немаат капацитет да се справат со Депонијата .
Како после 7 Месеци , денес без машина за туркање и набивање комунален отпад планира Вмро Дпмне да се справи со проблемот Буково и дали сега не постои труење !? или Труење постои само кога СДСМ е на власт ?
Во продолжение : Пресот од Вмро Дпмне на ден 5 јули 2021 година :
Буково ги труе жителите и туристите, реагира опозициската ВМРО ДПМНЕ
Георгиески нема капацитет да се справи со запалената депонија иако е една од главните забелешки во препораките на УНЕСКО. Досега веќе требаше проблемот да биде решен, а не Георгиески да парадира на партиски трибини и да ги лаже охриѓани за нови проекти кога никој досега не видел ниту еден капитален проект. Георгиески и надлежните се платени од граѓаните за да работат, а тие спијат и не се способни да ја спроведат работата за која се поставени и ангажирани. – се вели во соопштението на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид.