Демант од Охридски Комуналец

ДЕМАНТ

На ден 25.02.2022 на Вашата фб страна „Охрид Вест“ објавивте видео и текст со следнава содржина: „Јп Охридски Комуналец со приватни градежни камиони го претоварува комуналниот отпад – губрето од Механизација на улиуца АСНОМ и го носи во Мауцкер . Нашата екипа денес го снимаше ова , одкакако градежните камиони забележаа дека ја следиме оваа акција се паркираа пред Мауцкер и најверојатно чекаат инструкција. Случајот го следиме да видиме дали камионите ке го фрлат Губрето во Мауцкер (каде строго е забрането фрлање комунален отпад) или ке ги пренасочет во Буково .“
Ве известуваме, а воедно и ја демантираме вашата вест и бараме овој демант да биде објавен од Ваша страна, дека од причина што претходното раководство нè стави во незавидна ситуација, односно остави дотраена механизација со која не може да се врши тековната работа, принудени сме да користиме услуги од приватно трговско друштво која преку тендер е ангажирана од Општина Охрид. Ве известуваме дека камионите го депонираат отпадот во „Буково“, а не во „Мауцкер“ како што наведувате во Вашата објава на социјалните мрежи. Во прилог Ви доставуваме фотографии како доказ на депонирање на отпадот на Депонијата „Буково“.
Понатака, бараме јавно извинување до ЈП Охридски Комуналец и до целата јавност со Ваша објава на Вашиот портал за ширење лажни вести и дезинформации.
Од причина што секоја објава од Ваша страна (на вашиот web портал и фб страна) која е поврзана со ЈП Охридски Комуналец e со невистинита содржина, а тоа претставува непрофесионално и необјективно вршење на Вашата новинарска дејност принудени сме да поднесеме пријави до совет за етика , пред АВМУ и пред телото за мониторинг на медиумите.
Доколку и во иднина објавувате необјективни, спинувани и неточни информации ( а имајќи во предвид дека на вашиот портал има многубројни објави околу функционирањето на ЈП Охридски Комуналец, кои се со неточна содржина  за функционирањето на ЈП Охридски Комуналец – Охрид) ќе бидиме принудени да преземеме соодветни постапки пред надлежните органи.
ЈП Охридски Комуналец го почитува Вашето ревносно пратење на работата која ја врши , но Вашите објави се далеку од она што би требало да биде објективно новинарство и согледување на реалната ситуација која се случува на терен.
Со почит,