СО ПОВОД: СТОП НА ВОЈНАТА, СТОП НА УБИВАЊЕТО НА ДЕЦА И ЦИВИЛИ, СТОП НА ДВОЈНИТЕ СТАНДАРДИ–ЖИВОТОТ Е ПРЕКРАТОК ЗА ДА ГО ПОТРОШИМЕ НА СТРАДАНИЈА….!!!
Драги мои,
Дефинитивно, не можам да бидам инфериорен на се она што се случува толку далеку, а толку блиску до мене. Не вреди целиот свет, колку една солза на едно невино дете, кое страда поради ,,ВОЗРАСНИТЕ,, ….. За мене лично, војните се резултат на ,,двојните стандарди,, на алчноста и незаблодарноста кон семокниот АЛЛАХ за сите добробите што ни ги дал, на неморалот, на сите зли мисли и кукавички потези на ,,ВОЗРАСНИТЕ,,….Катадневно, сме ,,бомбардирани,, со тоа која страна колку загуби претрпил, колку борци загинале, но најмногу боли, кога ке видиш фотографија во која се убиваат ДЕЦА.ТОА, Е НЕПОДНОСЛИВО. И, ЗАМИСЛЕТЕ ГО ПАРАДОКСОТ, СЕКОЈА ВОЈНА , ПАК КЕ ЗАВРШИ НА МАСА, А СЕ ПРАШУВАТЕ ЗА БОЛКИТЕ, СТРАДАНИЈАТА , ЗА УБИЕНИТЕ НЕВИНИ ДЕЦА И ЦИВИЛНО НАСЕЛЕНИЕ??? Навистина, ова не се издржува. Доволно ли беа годините поминати со КОВИД 19, каде не уништија и здравствено и психолошки па уште ова ни требаше??? ВОЈНИ СЕ ВОДАТ ЗА ПАРИ, НО ТИЕ ПАРИ СЕ КРВАВИ, ТОА САКАМ КАКО ПОРАКА ДА ВИ ЈА ИСПРАТАМ, НЕ ДЕКА НЕ ЗНАЕТЕ, АМИ ДА ВЕ ПОТСЕТИМЕ ДЕКА И НИЕ ЗНАЕМЕ.
И, кога сме кај,,ДВОЈНИТЕ АРШИНИ,, да ве потсетам на
Палестинскиот народ,кој секојдневно е изложен на тортура од Израелскиот режим но никој не реагира на тоа од Западните земји, напротив даваат поддршка на Израелската окупација.
Зарем животот на едно дете од Украина е поважен од животот на едно дете од Палестина, Сирија, Ирак и др?
П.С Да не бидем погрешно сфатен, во никој случај не ја оправдувам Руската агресија во Украина, туку само сакам да посочим на двојните аршини на запад, да ВИКНАМ СИЛНО ПРЕСТАНЕТЕ СО ВОЈНИТЕ, ДАЈТЕ МУ ШАНСА НА ДИЈАЛОГОТ И СЛОБОДАТА, БИДЕТЕ ЕДНАШ ЛУГЕ—ЧОВЕК, ЕХ КОЛКУ ГОРДО ЗВУЧИ…..!!!
АЛЛАХ, ДА НИ ГИ УСЛИША МОЛИТВИТЕ-МИР И ЉУБОВ ВО СВЕТОТ…..!!!