Во ООУ “Кочо Рацин” е реализиран онлајн Отворен ден на тема “ментално здравје кај младите”. Учениците под менторство на наставничката по граѓанско образование Јованка Анѓелкоска, креираа низа активности во училиштето, кои ги претставија преку онлајн средба.
Целта на нашата ученичка иницијтива е подигнувње на свеста за менталното здравје кај младите. Иако, иницијативата беше само во рамките на нашето училиште, сметаме дека учениците ги поттикнавме на размислување , пренесовме позитивни пораки, ги охрабривме отворено да зборуват и споделуваат. Па нели, ако сакаме да го промениме светот треба прво да се промениме себе си. Ние ја започнавме таа промена од нас. Истовремено, испративме порака до возрасните дека треба да ни се поткрепа за промената. Да се менуваме заедно за подобра иднина – истакнаа учениците учесници во проектот.
Во рамките на проектот учениците спроведоа анкета за менталното здравје, направија информативен ѕид со пораки и инофрмации за менталното здравје, цртаа во училишниот хол и испишаа позитивни афирмации.
Отворениот ден е дел од проектот “Поттикнување демократска клима во училиштата” кој е во организација на МЦГО во соработка со БРО.