ЈП „Нискоградба“ деновиве го санира „мостот на желбите“ се сменаја оштетените талпи со нови , но не и оградата која штитеше од евентуално паѓање во езерото и опасните кабли од електричната енергија.
На 24.07.2014 година О.К. ВМРО ДПМНЕ остро реагираше и одржа неколку пресс конференции за ” Мостот на желбите “
за тоа дека е Дивоградба изграден без проект и Кој ке одговара доколку некој жител на Охрид или турист биде повреден од честите одрони кои од карпите паѓаат на мостот.
Што се случи во меѓувреме што го сменаја мислењето во ВМРО ДПМНЕ О.К Охрид.
Дали во меѓувреме се изгради овој Мост со претходно изготвен проект или сега веќе нема одрони на карпите .
Сепак овој “Мост на желбите” и тогаш и сега е Атракција за Охриѓани и Туристите без разлика што политичките партии во Охрид се обидуваат да поентираат од овој мост.
Исто така дознаваме дека оваа “санација на мостот” – повторно е дивоградба и се реализира без даден Налог од Општина Охрид на Јп Нискоградба Охрид , за кое според закон за истото се одговара како и за секоја изградена Дивоградба .
Во прилог реакцијата на Вмро Дпмне 2014 година .
„Ги прашуваме господата од СДСМ и нивните коалициони партнери -истомисленици кога станува збор за подржување на нелегални проекти, дали тие ќе ја преземат одговорноста доколку се случи несреќа на мостот? Дали тие ќе застанат во одбрана на дивоградбата доколку жител на Охрид или турист биде повреден од честите одрони кои од карпите паѓаат на мостот.“
извадок од реакцијата на Вмро Дпмне 2014 год