Третоодделенците од ОУ „Григор Прличев“ денес беа во посета на Општина Охрид. Градоначалникот Кирил Пецаков ги пречека, по што во големата општинска сала ги запозна со начинот на функционирање на локалната власт, статутот и симболите на општината, а одговараше и на бројните прашања од младите гости.
Посетите на ученици во Општина Охрид е согласно наставната програма што тие ја изучуваат по предметот општество.