воведе амандмани за неутралност, да го признае Крим како руска територија, а сепаратистичките републики Донецк и Луганск како независни територии, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Песков за Ројтерс изјави дека Русија ѝ кажала на Украина дека е подготвена да ја прекине воената акција веднаш штом Киев ќе ги исполни овие услови, објави 360stepeni.mk.
Тој исто така рече дека Украина е запознаена со условите.
„Им беше кажано дека сето тоа може да се прекине за миг“, рече Песков.
Тој додава дека кога станува збор за украинската неутралност, таа земја треба да усвои амандмани на Уставот според кои Украина би останала воено неутрална и не би се приклучила кон кој било блок.
„Тоа е можно само со промена на Уставот“, истакна Песков.
Тој, исто така, нагласи дека Русија нема никакви дополнителни територијални претензии кон Украина.
извор: 360stepeni.mk.