Драги наши охриѓани,
8 Март е симбол на нашата ВЕКОВНА СЕКОЈДНЕВНА борба за родова еднаквост.
Родовата рамноправност е прикажана во најразлични форми и активности во нашето живеење и делување но да се потрудиме тоа да го видат и тие за кои се уште таа останува невидлива и табу тема.
Жената мајка, сопруга, баба, тетка, жената лекарка, професорка, директорка, пратеничка,… жената работничка , земјоделка , домаќинка ЗАСЛУЖУВА ДА БИДЕ ЕДНАКВО ВРЕДНУВАНА и во семејството и на пазарот на трудот.
Денес во чест на овој голем празник кој ја симболизира борбата за родова рамноправност Форумот на жени и ЛК на СДММ при ОО СДСМ Охрид даруваше ружи на жените низ охридската чаршија, подели хуманитарни прехрамбени продукти на жени самохрани мајки и жени од социјални семејства, собра парични средства за помош на жени кои и те како имаат потреба од ваква помош.
Борбата за човековите права и спроведување на барањата на Истамбулската Конвенција продолжува, нека ни е честит 8 Март Меѓународниот ден на женскиот непокор и борбата за рамноправност меѓу жените и мажите во општеството !
ОО СДСМ Охрид