ПОВТОРЕНА ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНA ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ПРЕДЛОГ ДУП ЗА УЗ 2, ДЕЛ ОД БЛОК 2.2 – ОПФАТ 3, ОПШТИНА ОХРИД ПЛАНСКИ ПЕРИОД 2017-2022

Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на РМ“ бр. 05/02) и член 34 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр. 08/07 и 01/08), а во врска со член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл. весник на РМ“ бр.199/14, 44/15, 193/14, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18) и член 93 од Законот за урбанистичко планирање („Сл. Весник на РСМ“ бр. 32/20), Градоначалникот на општина Охрид, донесе:

СООПШТЕНИЕ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ  ПОВТОРЕНА ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНA ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ПРЕДЛОГ ДУП ЗА УЗ 2, ДЕЛ ОД БЛОК 2.2 – ОПФАТ 3, ОПШТИНА ОХРИД ПЛАНСКИ ПЕРИОД 2017-2022

СЕ СООПШТУВА повторена јавна анкета и јавна презентација за Предлог ДУП за УЗ 2, дел од Блок 2.2 – опфат 3, општина Охрид, плански период 2017-2022 со тех. бр. 32/17 од 02.2022 год. изработен од „ТАЈФА АРХИТЕКТИ“ дооел, увоз-извоз – Куманово.

  1. Просторот на планскиот опфат на ДУП за УЗ 2, дел од Блок 2.2 – опфат 3, општина Охрид е опфат со површина од 1.18 ха и неговата местоположба е дефинирана во границите на:
    • северо-исток со улицата „Страшо Пинџур“
    • на југо-исток со улицата „Јане Сандански“,
    • на југо-запад со улицата „Партизанска“,
    • и на северо-запад со улицата „Серафим Китаноски“.
  1. Јавната анкета ќе трае од 11.03.2022 – 18.03.2022 год.
  2. Јавната презентација ќе се одржи во големата сала на општина Охрид на ден 16.03.2022 год. со почеток во 12.00 часот со почитување на мерките за заштита од КОВИД-19.
  3. Заради обезбедување пристапност и увид од страна на граѓаните и правните лица, планот освен на електронскиот систем е-урбанизам, ќе биде истакнат во холот на општина Охрид пред големата сала за состаноци, ќе биде објавен на web страната на општина Охрид, а соопштението за организирање на ЈА и ЈП ќе биде објавено во две јавни гласила.
  4. Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 13 до 15 часот во просториите на општина Охрид.
  5. Заинтересираните граѓани и правни лица своите предлози и забелешки, додека трае јавната анкета, можат да ги доставуваат на анкетни листови до надлежниот орган во писмена форма и на електронскиот систем е-урбанизам.

ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНA ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ПРЕДЛОГ ДУП ЗА УЗ 2, ДЕЛ ОД БЛОК 2.2 – ОПФАТ 3, ОПШТИНА ОХРИД ПЛАНСКИ ПЕРИОД 2017-2022

АНКЕТЕН ЛИСТ