За прв пат во Охрид со приватни фирми ке се подига Комунален Отпад , Дали се воведува постепена приватизација на Комуналец ?
Денеска на 10 март 2022 год. е објавен оглас од ЈП Охридски Комуналец за изнајмување на следните возила:
– Изнајмување на минимум две возила за собирање на комунален отпад
– Изнајмување на метачки
– Изнајмување на цистерни за прскање на вода
– Изнајмување на камион за чистење на канти и контејнери.
- Охридски Комуналец изнајмените возила ке ги плака по час .
Прилог фото :
Фирмата која ке се одбере треба да има
-40.000.000 денари годишен приход поединечно за 2018,2019 2020.
– Минимум 4 возачи со возачка дозвола соодветна на возилото.
Треба да располага со следните возила:
- Минимум 1 Возило за собирање смет од 22 м3.
- Минимум 1 Возило за собирање смет од 14 м3.
- Минимум 1 Возило со капацитет на цистерна од 0.9 до 1.53m3
- Машинска Метачка со капацитет 1.5 м3 на собирен сандак и 36.000 м2 на час и минимум капацитет на товар од 1300 кг.
Охрид Вест од сигурни извори дознава дека само Една приватна Фирма ги исполнува гореспоменатите услови од ЈП Охридски Комуналец и оваа Фирма не е од Охрид .
Дали оваа фирма ке учествува на тендер останува да видиме , но за тоа повеќе во следниот напис.
повеќе за овој оглас на e-nabavki.gov.mk