Од денес нови 6 вработувања во Администрацијата на ЈП Охридски Комуналец
Во градот масовно се врши партизација на администрацијата преку вдомување на партиски активисти во општинските претпријатија кои не се квалификувани за овие работни позиции на кои се вработуваат, туку се лица кои се само “верно“ гласачко тело.
Од денес 15 март 2022 нови 6 вработувања во Администрацијата на ЈП Охридски Комуналец од кои 3 (три) вработувања се во администрацијата – Дирекција и 3 (три) во наплатна.
“Не е веќе ГРДАН Директор и нема плата до 5ти“
Вака коментираат обичните работници , кои не се задоволни од раководењето од оваа власт.
Од како е на власт ВМРО ДПМНЕ во Охрид , и новиот Директор во ова Јавно претпријатие платата станува проблем да се даде навреме како што беа навикнати до 5 ти платата да биде во нивните сметки.
Резултатот на работењето на ова Раководство ке биде наскоро видлив за сите кога не само што ке каснат платите , туку воопшто не ке можат да се дадат .
Охрид Вест дознава дека за 4 месеци во ова претпријатие зголемен е долгот . Пуштено е прашање и Очекуваме одговор за тоа колкав е долгот кој ке го објавиме јавно. ( одоговорот како по обичај ке го добиеме после 25 дена )