ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ СЕ СРЕТНА СО ДЕЛ ОД ДИПЛОМАТСКИОТ КОР ВО ЗЕМЈАВА

По повод   одржувањето на   состанокот на  Министрите за надворешни работи на државите членки на Централно- Европската Иницијатива (ЦЕИ)  што денес започнува во Охрид, синоќа градоначалникот Никола Бакрачески оствари средба  со дел  од дипломатскиот кор во земјава.
Како што е најавено, на  меѓународниот собир во Охрид ќе присуствуваат министри  и заменици министри за надворешни работи, претставници на министерства за надворешни работи или нивни претставници од државите членки на ЦЕИ како Македонија, Албанија, Австрија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Молдавија, Црна Гора, Полска, Романија, Србија, Словачка, Унгарија, Италија, Словенија и Украина.

На средбата ќе присуствуваат   и специјални претставници од Европската Унија, Европската банка за реконструкција и развој, Секретаријатот на ЦЕИ, ОБСЕ, Совет на Европа, Советот на Балтички држави, РЦЦ и многу други.

Состанокот  на Министрите  за надворешни работи во Охрид  се одржува во рамки на годинешното претседавање на Република Македонија со ЦЕИ.