Екипите на ЈП „Нискоградба“ реализираа градежни активности за партерно уредување на крак од улицата „Корабица“ во село Лескоец со површина од 270 метри квадратни.
Извршен е ископ и тампонирање на целиот потег, по што се поставени нови бехатон плочки.
Деновиве екипите на ова јавно претпријатие работеа на изведба на новата канализациона мрежа на крак од улиците „Будва“ и „Винковачка“ и на крак од улицата „Петрино“. Исто така беа спроведени и теренски зафати за санација на бехатонската подлога на дел од „Кеј Македонија“.
Активностите се спроведени по налог на Општина Охрид и се финансирани од општинскиот буџет.