ВОНРЕДНИ АКТИВНОСТИ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА КРАЈБРЕЖЈЕТО

Екипите на ЈП „Охридски Комунелец“ деновиве реализираа вонредни активности за чистење на дел од крајбрежниот појас на Охридското Езеро.

Извршено е целосно расчистување на плажите Сараиште, Грашница и Канео при што беа подигнати поголеми количини тешко разградлив комунален отпад, трска и дива вегетација.

Во рамки на активностите се изврши и расчистување на крајбрежниот потег на градскиот кеј, во близина на Холандскиот Парк, каде што беше употребена и специјална механизација за расчистување на муљ, трска и друг вид отпад од езерските води.