Денес, во просториите на Факултетот за туризам и угостителство се одржа и второто генерално собрание на здружението за мултикултурна интеграција „Инклузија“, кое што активно постои и работи веќе 11 години.
Претседавач на беше Игор Пешевски, присутните делегати акламативно ги изгласаа Вахид Мемед, Елена Ристеска, Крсте Пурцов, Емилија Кацелиновска, Мухамед Максуд, Сара Ѓоргоска и Евгенија Шулевска, за членови на управниот одбор на организацијата Во надзорен одбор беа изгласани Игор Пешевски, Фани Милошева и Ариф Бичак. За генерален секретар е реизбрана Весна Цветаноска, додека за претседател на „Инклузија“ реизбор имаше Вахид Мемед.
За координатор за финансии и администрација е избран Ристе Ристески, дипломиран економист, за координатор за комуникација и логистика е избрана Елена Ристеска, допломиран политиколог и координатор за млади и волонтери е избрана Адела Абас