ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ВРШИТЕЛИТЕ НА АВТО ТАКСИ ПРЕВОЗ

Согласно измените во Законот за превоз во патниот сообраќај и Законот за возила, односно новата одредба со која авто такси возилото кое поседува извод од лиценца за вршење на авто такси превоз треба да биде означено со регистарска таблица во жолта боја, се известуваат сите лиценцирани субјекти кои вршат авто такси превоз на патници на подрачјето на Општина Охрид дека после добивањето на новата (жолта) регистарска таблица и соодветната сообраќајна дозвола, потребно е да поднесат барање до надлежните служби во Општина Охрид за промена на изводот од лиценца за вршење на авто такси превоз на патници.

Барањето може да се подигне во Архивата на Општина Охрид или на Веб страната на Општина Охрид, во прилог на барањето потребно е да се достави следната документација:

  1. Оригинал важечкиот  извод од лиценца кој го поседува возилото кое ја променило регистарската таблица ;
  2. Копија од сообраќајна дозвола 

БАРАЊЕ ЗА ПРОМЕНА НА ИЗВОД ОД ЛИЦЕНЦА ЗА ВРШЕЊЕ АВТО ТАКСИ ПРЕВОЗ НА ПАТНИЦИ ПОРАДИ ПРОМЕНА НА РЕГИСТАРСКИ ТАБЛИЦИ