ГЕНЕРАЛНА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ДИВИ ДЕПОНИИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНАТА

Во организација на Општина Охрид и со поддршка на охридските јавни претпријатија  и економските оператори кои соработуваат со локалната власт утре  од рано наутро ќе се спроведе целодневна акција за расчистување на дивите депонии на територијата  на општината.

Ќе се чистат диви депонии мапирани од страна на ЈП „Охридски Комуналец“на неколку локации во градов.

Во акцијата ќе бидат вклучени 50 луѓе и механизација , багери, камиони, трактори.