ЗАВРШИ 10-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

Со мнозинство гласови „ЗА„ советниците во Советот на општина Охрид ги усвоија сите точки од дневниот ред на  денес одржаната 10-та Седница. На предлог на градоначалникот Кирил Пецаков, дневниот ред беше дополнет со Предлог – Одлуката за  партиципација  и сопствено учество  на Општина Охрид  во проектот  „Изработка  на проектно – техничка документација  за пат  од село  Лескоец  до селата   Горно  и Долно Лакочереј.

Меѓу усвоените точки беа  Предлог- програмата  за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2022 година. Предлог-одлуките  за измени и дополнувања на годишната програма за активностите на општина Охрид во областа на основното  и средно образование за 2022 година (Н1).  Предлог-одлука за измени и дополнувања на развојна програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на средното образование 2022-2024 година (НБ). Предлог-одлуките  за измени и дополнувања на годишната програма на општина Охрид за здравствена  социјална и  детска заштита за 2022 година (В1).Предлог-одлука за измена и дополнување на буџетот на ЕЛС Општина Охрид за 2022 година. Предлог-одлука за изменување и дополнување на одлуката за реализација на проектот „Поддршка на регионалниот економски развој преку туризмот, културата и другите економски дејности“ преку партиципација и сопствено учество на општина Охрид. Предлог-одлуките за изменување и дополнување на одлуката за авто такси превоз на патници во општина Охрид и  донесување Правилник за субвенционирање на линиски превоз на патници, кој заеднички го организираат општина Охрид и општина Дебрца како  и  изменување на Правилникот за субвенционирање на општински линиски превоз на патници на подрачје на општина Охрид.

Советниците дадоа зелено светло и на предлог одлуките кои се однесуваа на ЈП Нискоградба, односно согласност на одлуката  за воведување нова дејност на претпријатието,  изменување и дополнување на Статутот  и дополнување на ценовникот на услугите на претпријатието.

Беше изгласана и   Предлог-одлуката  за давање согласност на Одлуката за утврдување на цените на услугите што ги врши ЈП„Охридски комуналец“ Охрид (Пречистен текст) и Предлог-одлука за усвојување на годишниот извештај за реализација на програмата за развој на Југозападниот плански регион за 2021 година со инегриран финансиски извештај за 2021 година. 

На седницата се најдоа и Предлог – одлуките за формирање Локален Совет за превенција на подрачјето на Општина Охрид, за давање на користење недвижен имот – урбана опрема,  за утврдување на висината на надоместокот на членови на комисија за урбанизам.

Зелено светло беше дадено и на  Предлог- одлуките од областа на  урбанизмот  за донесување техничка исправка за ГП 2.78 од Детален урбанистички план за 6-та УЗ, УБ 6.2 опфат 1, општина Охрид. Предлог-одлука за донесување на план за парцелација од урбанистички проект со план за парцелација за промена на границата на две соседни градежни парцели ГП 1 (КП 1688/2 и дел од КП 1688/1) и ГП 2 (КП 1688/1 и дел од КП 1687/1) во ДУП за станбена населба „Радојца Новичиќ” во КО Охрид 4 – Општина Охрид. Предлог-одлука за донесување на план за парцелација од урбанистички проект со план за парцелација за промена на границата на две соседни градежни парцели ГП 1 формирана на КП 4514/1 и делови од други КП и ГП 2 формирана на дел од КП 4500 и делови од други КП во ДУП за 11-та Урбана Единица – Охрид, МЗ Видобишта во КО Охрид 4, Општина Охрид.

На 10-та  Седница  на Советот на  Општина Охрид беше издвоено време и за советнички прашања.