Директорот на ЈП „Колекторски систем“, Владимир Алексијоски наместо да ја префрла топката на Локалната самоуправа да ги засука ракавите и да го реши проблемот со нефункционалниот колекторски систем. Но очигледно не е способен за менаџирање и потребно е да си поднесе оставка од функцијата.
Директорот сега мудрува за еколошката катастрофа кај Воска заборавајќи дека претходно самиот тој беше и директор на ЈП „Водовод“.
Што направија претходно во однос на дивите приклучоци и неодвоената фекална и атмосферска канализација?
Што е преземено досега во однос на прочистување и санирање на критичните точки на колекторот?
Затоа што доцни санацијата за жал фекалии и непречистени води завршуваат директно во Охридското Езеро нанесувајќи сериозни еколошки штети и закани за езерото.
Ако централната власт на СДСМ и Директорот сакаат да докажат дека навистина не е така тогаш веднаш да се зафатат со рехабилитација и надградба на колекторскиот систем, во спротивно нека си одат.
Потребна е одговорност од Директорот затоа што системот е во тотален колапс и воопшто не е вратен во нормала како што ветуваше СДСМ.
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид