ГРК Охрид – РК Вардар , почеток 18: часот, сала Билјанини извори , Влез 50 денари.
Судии на натпреварот ке бидат Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев од Скопје, додека делегат ќе биде Славчо Каланоски од Струга.
Охрид е на последното место без победа, со еден нерешен резултат и четири порази додека Вардар на пет одиграни натпревари има скор од четири победи и еден пораз.
Средствата од продадени билети ќе бидат искористени во хуманитарни цели за потребите на лекување на нашата сограѓанка Сузана Анчевска кај која мора да биде спроведена планирана и симултана транспантација на коскена срцевина, нешто што не може да се реализира во нашите институции и истото мора да биде реализирано во Р. Турција.