Левица: АПЕЛ ДО ИНСПЕКЦИСКИТЕ СЛУЖБИ ДА ИЗВРШАТ УВИД НА ОБЈЕКТ ВО ЛАГАДИН

Почитувани медиуми,Во прилог следи нашата Реакција до јавноста:АПЕЛ ДО ИНСПЕКЦИСКИТЕ СЛУЖБИ ДА ИЗВРШАТ УВИД НА ОБЈЕКТ ВО ЛАГАДИН 
До ЛО Левица Охрид, пристигна информација во која стои дека на 2 мај, понеделник (неработен ден за сите граѓани на Република Македонија) имало градежни активности на објект во Лагадин, кој според лицето кое ја испрати информацијата, е сопственост на еден познат битолски бизнисмен и е дивоградба, чие име ни беше испратено во приватна порака, но ќе почекаме надлежните да го соопштат. 
Освен тоа, со  градежниот шут е направена депонија во непосредна близина, со што се врши загадување на животната средина. 
Апелираме до соодветните инспекциски служби да извршат увид и да постапат според законот и според Извештајот на УНЕСКО.