Општина Охрид упатува апел до сопствениците на пловни објекти (кајчиња) кои се лоцирани на крајбрежниот појас на локалитетите „Сараиште“ и „Канео”, истите да ги отстранат во најбрз можен рок.
Пловните објекти треба да се отстранат поради тековно одржување и чистење на крајбрежјето во овој потег од општината, со цел непречено користење од страна на жителите и туристите.