После поминати скоро 7 месеци од локалните избори, сериозно е време ВМРО-ДПМНЕ да сфати дека на чело со градоначалникот Кирил Пецаков издвоија победа на изборите и го добија лидерството на градот и општината. Константин Георгиевски и СДСМ се во локална опозиција. Наместо градоначалникот Пецаков кој го гледаме присутен на сите смешни партиски настани во неуспешен обид да ги добие сите поени од “неспособноста на СДСМ и Константин Георгиевски” , време е да излезе на терен и да провери колку време не е санирана оштетената инсталација за наводнување на зеленилото на пешачкиот премин на улицата “Галичица” и улицата “Јане Сандански” и да се запраша дали случајно тоа има некаква врска со пропаѓање на шахтата.
⛔Или во секој случај на ДПМНЕ и Пецаков им останува втората опција, добро позната за нив и нивното владеење – нека не санираат ништо и нека остават да пропадне асфалтот на цела улица, па граѓаните за некој ден ќе почекаат уште едно партиско соопштение со посочување на кривици од минатото.
📢Како партија во локална опозиција СДСМ Охрид не планира да ја замара јавноста и граѓаните со смешни преписки со партијата на власт која и во време на владеење очајно се обидува да крене рејтинг на сметка на нивните претходници. Граѓаните многу добро знаат кој што направил, а исто така знаат и кој што ветуваше само да ја превземе власта.
Заедно со граѓаните, туристите и ние како партија во опозиција ги чекаме ВМРО-ДПМНЕ и Кирил Пецаков да ни ја покажат нивната способност. Барем да ги санираат сите дефекти, да ги средат тие малку улици и училишта што ги остави претходната “неспособна” власт и најважното – да ги среди плажите. 🚨
Сите доволно слушнавме и прочитавме, редно време е да ја видиме реализацијата на нивните ветувања.
Со почит,
Центар за комуникации на ОО СДСМ Охрид